Се шири опасен вирус кој може се да ви избрише од мобилниот


На сопствениците на смартфоните кои работат на оперативниот систем Андроид им се заканува нов опасен вирус кој се шири преку смс-порака, и ако се инсталира на телефоните, може да ја избрише целата содржина од мобилниот уред па дури и да извршува повици и да чита пораки.telefon mobilen

Овој вирус го откриле стручњаците за безбедност до данската компанија „Хеимдал“ . Пораката со овој вирус е испратена на повеќе од 100.000 мобилни телефони во Данска, а од оваа компанија не се сигурни дали корисниците и во другите европски земји ја примиле пораката со вирусот Маза Бот.

Интересно е што овој вирус не сака да се инсталира на мобилни телефони со руски јазик, а и останатите корисници, ако бидат претпазливи и ги користат стандардните упатства, не би требало да имаат проблем со Маза Бот дури и ако ја добијат пораката.

Стручњаците предупредуваат дека никогаш не треба да се отвораат линкови од имеил, смс-пораки или пораки од Фејсбук, Твитер, Вајбер и други комуникациски сервиси кои ви се чинат сомнителни или кои доаѓаат од непознати лица.

А она што е многу важно е тоа дека сопствениците на смартфони и таблети на кои е инсталиран мобилниот оперативен систем на Гугл секогаш имаат активирана опција која овозможува инсталација на софтвер само од сигурни извори, односно од Гугл плеј, иако и во оваа трговија со апликации и порано биле пронајдени опасни апликации.

Според информациите на „Хеимдал“, корисниците преку смс добиваат порака поврзана со мултимедијална содржина, и со кликнување на таа врска на телефонот се инсталира Тор софтвер кој на криминалците ќе им овозможи анонимно поврзување со телефонот, а преку него и малвер кој може да нанесе голема штета на телефоните – од следење на самиот уред, читање на содржини од телефонот, испраќање на смс-пораки (без знаење на сопственикот на телефонот) на скапи премиум броеви па до можност на бришење на сите податоци од мобилните уреди.

– Може да ви направи голема штета. На пример да направи голема телефонска сметка за која сопственикот на телефонот може да биде одговорен – изјавил Мортен Кјерсгард од „Хеимдал“ за „Би-би-си“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1