Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со својот американски колега Барак Обама за условите на примирјето во Сирија, по што изјави дека Русија ќе продолжи да ги бомбардира терористите.
Русија и САД се договорија прекинот на огнот во Сирија да почне на 27 февруари на полноќ, соопштија шефовите на дипломатиите на двете земји.T
Путин изјави дека и покрај тоа Русија нема да ги сопре воздушните напади врз терористите во Сирија, пренесува Раша тудеј.
Тој прецизираше дека Москва и Вашингтон заеднички ќе работат на утврдувањето кои милитантни групи нема да бидат цел на нападите.
„Ова е голема шанса да се сопре крвопролевањето во Сирија“, истакна Путин во соопштението. Тој кажа дека Русија ќе го употреби своето влијание во Дамаск, а очекува истото да го направат САД кај опозициските сили.
Русија и САД најавија дека ќе работат и на размена на информации, вклучувајќи ги и податоците за позициите на терористите.