Од денес поскапуваат цигарите во Македонија – еве кои и за колку!


Од денес цигарите низ Македонија со повисока цена. Малопродажните места веќе добиле информација дека  цигарите поскапуваат од 3 до 5 денари по кутија.Cigarete

Нови цени ќе имаат сите цигари на Тутунскиот комбинат Прилеп меѓу кои и најпопуларните Бренд.

Поскапуваат и брендовите Европа, Сан како и новите варијации на Марлборо кои од 90 денари добиваат нова цена која ќе изнесува 95 денари за една кутија.

Дополнително од 1 јули годинава се зголемува и акцизата за цигарите што ќе повлече ново поскапување од 3 денари по кутија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1