Ја заобиколуваат Македонија: Мигрантите пронајдоа нова рута – еве која


Германската NTV објави скица на “нова рута” по која би можеле бегалците да бараат спас во Европа.
Според германската телевизија, мигрантите би можеле да го променат патот и да се движат од Грција кон Албанија, преку Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска кон Западна Европа, јавува црногорскиот портал CDM.migranti-nova-ruta-foto-n-tv-1456922744-8553451-724x400

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати пред три дена соопшти дека оваа земја нема да гради ѕидови во случај бегалците и мигрантите да почнат да ја користат оваа земја за транзит кон земјите од ЕУ.

Претходно албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека Албанија нема да биде нова руа за бегалците на патот кон Европа поради тоа што нема ни услови, ни сила, ни ентузијазам да го спасува светот додека другите ги затвораат своите граници.

Премиерот на црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека црна Гора мора да ги затвори своите граници за мигранти доколку тоа го напарават членките на ЕУ. „Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници доколку Македонија ја затвори границата со Грција, а гранични рестрикции воведат и Унгарија и Австрија“, изјави Ѓукановиќ.

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, состојбата на македонско-грчката граница и мира и се пропуштаат мигранти кои имаат целосна документација и онолку колку што можат да примат земјите од Европската унија.

Во вторникот македонските власти издале потврди на вкупно 30 странски државјани, од кои 11 од машки и седум од женски пол, како и на 12 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Медиумите јавуваат дека на Идомени, македонско-грчката граница зголемен е бројот на мигранти и има околу 10.000 кои чекаат да влезат во Македонија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1