Сексуален манијак: „Не го силував девојчето, сама си сакаше“


Марјан Г. (51) кој во хрватските медиуми е опишан како „сексуален манијак“ од Загреб, обвинет е дека 13-годишно девојче врбувал на интернет, а потоа во еден загребски хотел ја држел затворена 26 часа, се додека не е уапсен.

Манијакот е одведен пред суд каде се обидел да се одбрани со тоа што рекол дека девојчето се согласило на секс.

-Се согласи на секс. Беше доброволно, без присила, рече Марјан.pedofil_1

Меѓутоа законот сексот со дете иако имало согласност го третира како силување. Неговата жртва е во шок. На девојчето му се мешаат емоциите, чувствува страв, а шокираните членови на семејството се обидуваат да и одговорат на безброј прашања. За самот сличај не сакаат да зборуваат.

-Немам што да кажам и да смеам. Истрагата е во тек. Сакам да истакнам дека моето дете е спасено на време. Три дена преживувавме пекол. Таа е најмала од четирите, колку што ги имам. Никогаш не правеше проблеми. Ми доаѓа само да ја гушкам и да не ја пуштам никогаш повеќе од раце, вели мајката на девојчето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1