Главната дирекција на турската полиција денеска издаде предупредување за можни терористички напади во Турција утре, кога е католичкиот Велигден, соопшти турската телевизија НТВ.
Во соопштението на полицијата е посочено, дека членови на терористичката група Исламска држава, може да подготвуваат напади во Турција, поконкретно на места, каде што се собираат христијани, околу цркви, како и во реоните на конзулатите и амбасади на странски мисии.
Полицијата ги повикува сите турски и странски државјани во земјата да бидат исклучително претпазливи.