Состојбата мирна, МВР се уште без официјална информација за вчерашната акција


Проверка на повеќе локации поради мигрантската криза е најверојатно целта на полициската операција која беше спроведувана ноќта кон саботата во областите на Липковско и скопското село Арачиново, неофицијално се дознава од Министерството за надворешни работи, од каде за подоцна најавуваат подетални информации.policija akcija 22

Откако МВР ги демантираше првичните информации на одредени медиуми дека полициската акција која траеше повеќе од два часа била поради вооружена група на македонска територија која се префрлила од Косово, неофицијалните информации се дека на теренот се вршело проверка на повеќе локации во селата во граничниот појас и во неколку други села, поради мигрантската криза.

Од МВР за денеска најавија официјални информации и детали за спроведените контроли во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново, каде имало засилени полициски контроли и проверка на неколку локации и претрес на теренот и на неколку напуштени објекти по должина на граничната линија која е прогласена за кризно подрачје./

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1