Уапсен бриселски новинар, можен учесник во нападите


Белгиската полиција, во рамки на истрагата за нападите во Брисел и во Париз, го приведе и независниот новинар Фејсал Шефуа, за кого белгиските медиуми шпекулираат дека би можел да биде единствен учесник на бомбашките напади на бриселскиот аеродром кој не е идентификуван.brisel_akcija-700x392

Бриселскиот новинар е познат по тоа што на видео-клиповите кои ги објавувал на Интернет го осудувал тоа што лицата кои се притворени поради илегален престој во Белгија добивале вечерен оброк пред прекинот на постот за време на Рамазан, наведува „Либр Белжик“.

Локалната полиција повеќепати го апсела во паркот Максимилијан, пред Канцеларијата за странци, додека се обидувал за радикалниот ислам да врбува баратели на азил и лица без документи.

Истражителите сега се прашуваат каква е улогата на тој човек, кој не сакал да соработува за време на испитувањето кога во четвртокот е приведен, по нападите извршени во Брисел во вторникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1