Демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија пред Владата на Република Македонија. По обидот протестот од пред Собранието на Република Македонија да го префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ што беше спречен од кордон од полиција дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата.
Полицијата со солзавец и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите. Пред Владата има силно полициско присуство.