ГДОМ: Ако треба со жив штит ќе ги браниме институциите


„Немаме резервна држава“, „Народот е посилен од сè“, „На власт не се доаѓа со сила“, „Никој не може против волјата на народот“, се дел од пораките што до насобраните граѓани ги упатија членовите и поддржувачите на „Граѓанското здружение за одбрана на Македонија“ од пред „Црвениот крст“ во Скопје.

-Повикувам на обединување не сме дојдени да палиме и кршиме, туку на мирен начин да дадеме поддршка на институциите, но и да го искажеме незадоволство, но мирно и со љубов, а не со насилство. Да му кажеме не на криминалецот што зборува за криминалот, вели Тони Михајловски.gdom-3

Ова е втор протест организиран од ГДОМ против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

-Втора вечер даваме поддршка на Макаедонија и да кажеме не на процесот што сака да ги судри Македонците. За нас Македонија е светост и нема да дозволиме некој да ја сруши. Тие таму што рушат сре платеници и целта им ја да ја урнисуваат и да ја плукаат Македонија, порача Александар Пандов.

На насобраните им се обрати и Братислав Димитров, кој истакна дека сите треба да бидат сплотени за Македонија.

– Убеден сум дека даваме пример на демократско и цивилизациско однесување. Овие денови тука бие најхраброто срце на Македонија. Да бидеме сплотени заедно, да покажеме како треба да се работи, како треба јавно да се изразуваат ставовите, рече Димитров.

Александар Даштевски, пак, порача дека не треба да се дозволи понатамошно демолирање на државните институции. Целта на опозицијата е дестабилизација на Македонија и промена на името на државата, смета Даштевски.

– Вчера се кршеа институциите на системот. Тоа се објекти кои им припаѓаат на сите граѓани на Македонија. Целта која нивниот претседател ја кажа се остварува, рушење на системот, на државата и соработка со странски служби, а со цел за промена на името на Македонија. Ќе се избориме за нашата слобода. Ние немаме друга држава. Ова е наша држава. Ако сакаат нека се селат. Ќе се бориме до крај и конечно на 5 јуни ќе покажеме дека народот е најсилен и на која страна стои народот. Македонија е заложник на неколку луѓе кои сакаат уривање на државата и промена на името, сакаат да срушат сè што е свето во Македонија, рече Даштевски.

Ако треба ќе застанеме пред институциите и заедно со полициските и безбедносните сили ќе ги браниме нашите институции, порачуваат од ГДОМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1