Град со големина на топчиња за голф – осум лица загинаа


Најмалку осум лица загинаа во Мјанмар во силното невреме, во кое паѓаше град со големина на топчиња за голф, а оштетени се илјадници куќи, соопштија денеска локалните власти.gradTopki

Големо невреме погоди пет сојузни држави на Мјанмар во петокот и вчера по повеќенеделните горештини, во кои температурата практично не се спушташе под 40 степени Целзиусови.

– Засега знаеме дека во невремето изминатите денови загинале осум лица, додека 7.500 куќи се оштетени, изјави директорот на Министерството за социјални прашања Фиу Леи Леи Тун, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1