Кривична пријава: Скопски бизнисмен наплаќал со фалс картички


Сопственикот на „Хотел Скопје“ и неговиот син, кој работел како рецепционер од април до јуни минатата година со фалсификување платежни картички на странски државјани наплаќале наводни резервации на соби во „Хотел Скопје“ во Скопје.1012-debitcard_full_600

„Пријавените со намера да се стекнат со противправна имотна корист прибавиле на интернет банкарски податоци од вистински платежни картици, односно од носителите на странски платежни картици, со кои извршиле повеќе успешни трансакции на ПОС Терминалот во „Хотел Скопје“. Второпријавениот вработен како рецепционер во хотелот рачно ги внесувал броевите од картичките без присуство на картичката. На овој начин, двајцата пријавени, односно правното лице „МЕРАК БИЗНИС“ ДОО СКОПЈЕ извршиле 14 успешни нелегални трансакции во вредност од 1.312.819. денари“, соопштуваат од МВР.

По направената анализа на движењето на сметката на правното лице „Мерак бизнис“ како и по извршениот разговор со осомничените лица, било констатирано дека банкарските податоци наводно им биле испратени на нивната е-маил адреса при правење на резервација за соби.

Откако гостите кои резервирале соби за месец јуни, не се појавиле во хотелот, истите биле наплатени во целост според правилата на хотелот.

Иако по неколку денови пријавените биле известени дека се работи за картички кои се пријавени за злоупотребени, и биле информирани дека треба да ги вратат средствата, истите не постапиле по барањето на банките и средствата ги искористиле за свои цели, односно исплата на плати на вработени, исплата на кредити и камати по истите, плаќање на даноци итн.

Против сопственикот на хотелот е поднесена кривична пријава за „изработка и употреба на лажна платежна картичка“, а против неговиот син за помагање во делото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1