Бугарски град забрани носење никаб


Бугарскиот град Пазарџик забрани носење какви и да се велови кои во целост го покриваат лицето, со што локалната власт сака да ги намали тензиите меѓу општествените групи и да го зголеми нивото на безбедност, објави Ал Џезира Балкан.

Оваа забрана ја поддржаа политичари од различни опции во градот со околу 70.000 жители, каде носењето никаб стана вообичаено меѓу некои муслиманки, припаднички на ромското малцинство.501426-burka

– Не сакам веќе да чујам дека Пазарџик е град во кој се носат бурки. Сакаме гласно да кажеме дека не сме такви, туку сме град на одговорни луѓе за кои се поврзуваат други достигнувања, изјави градоначалникот Тодор Попов на државното радио.

Муслиманите сочинуваат околу 12 проценти од населението во Бугарија, а припадниците се главно етнички Турци, чии жени обично не носат велови за покривање на лицето.

Попов најави дека секое кршење на оваа забрана ќе биде парично казнето. Полицијата наведува дека забраната е потребна поради тоа што ваквите велови оневозможуваат брза идентификација.

Претходно овој месец, бугарскиот Патриотски фронт, партија која ја поддржува Владата на Бојко Борисов, предложи нов член во Кривичниот закон со кој би се забранило носење велови на јавни места. Како главно оправдание за тоа се наведени потенцијалните закани по националната безбедност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1