За седум дена се укинува банкнотата од 500 евра


Управниот совет на ЕЦБ на седницата на четврти мај би можеле да донесат одлука за укинување на банкнотата од 500 евра, пишува весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на информации од финансиските кругови.

ЕЦБ сеуште не сака да ги коментира претпоставките, но со самото тоа што сеуште не стигна демант од нивна страна, голема е веројатноста банкнотата од 500 евра да замине во историја.evra

Во Управниот совет на ЕЦБ во кој покрај шест членови на Централната банка седат и банкари од 19 земји на еврозоната, се разгледуваат неколку сценарија.

Сите сценарија ќе овозможат банкнотите од 500 евра да бидат разменети на неодредено време кај централната банка, а предлозите се разликуваат по тоа како ќе се организира процеост на размена.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги истакна дека банкнотата од 500 евра е користена за криминални цели, додека претседателот на Бундесбанка, Јенс Вајдман оценува дека криминалните активности не можат да се спречат со укинување на банкнотата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1