Руските царинарници го понижиле израелскиот претставник на Евровизија


Хови Стар, овогодинашниот претставник на Израел на претстојната Евровизија доживеа непријатености при посетата на Русија.
Имено, пејачот доживеал непријатност кога пасошката контрола не сакала да го пушти да влезе во земјата.evrovizija(4)

– Луѓето во Москва не ме сакаат, можеби поради тоа што сум геј, можеби затоа што јас вака се облекувам, можеби затоа што се шминкам – не знам – рекол пејачот наведувајќи дека му се смееле во лице.

Дмитри Мелников, координаторот на евровизиската турнеја во Москва, признал дека дошло до проблеми со царинската контрола, но не им била намерата јавно да го понижат и навредат претставникот на Израел претпоставувајќи дека неговото облекување предизвикало потсмев кај царинаринците.

– Ја избирам љубовта, бесплатна е. Нема потреба од омраза, нема потреба за негативност – рекол Хови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1