Британката Сју Редфорд има 39 години, а во моментов во својата утроба го носи нејзиното 17-то дете, пренесува „Дејли меил“.
Таа во ноември ја очекува последната принова, а нејзината настара ќерка, 21-годишната Софи, ќе го роди нејзиното второ дете и се чини дека ке тргне по стапките на својата мајка.
Сју и нејзиниот сопруг Ноел (43) се чувствуваат благословено бидејќи имаат толку многу деца, но изјавиле дека ќе запрат на бројот 18 .
Оваа Британка се вљубила во својот сопруг и тоа била љубов на прв поглед. На 14 години го родила своето прво дете , синот Крис кој има 25 години.
– Децата се возбудени што ќе добијат брат или сестра. Ова сигурно ќе биде нашето последно дете – изјавила Су за британските медиуми.
Со едноставна математика се доаѓа до заклучок дека Сју која има 39 години од нејзиниот живот 14 години ги поминала во блажена состојба.