Доколку планирате да патувате задолжително прочитајте


– На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци), соопшти АМСМ.

Како што стои во соопштението, пренасочувани ќе бидат возилата со вкупна маса над 5 тона.kamioni avtopat nokj3

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1