Локален штаб на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ беше искршен и во него беше уништен инвентарот. Во петокот после полноќ телефонски во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на улица „Востаничка“, во населбата Црниче во општината Кисела Вода, бил демолиран штаб на политичка партија „ВМРО ДПМНЕ“, соопштуваат од МВР.
Станува збор за штабот на ВМРО-ДПМНЕ во скопско Црниче. Минатата недела од страна на протестантите на СДСМ беше исшкртан и оштетенопштинскиот комитет на владејачката партија во Центар.
Foto – Kurir.mk