Смртоносна бактерија најдена во хотели во Хрватска – затворени познати хотели


Хотелот „Коринтиа“ во Башка на островот Крк е превентивно затворен поради сомненине за присутност на бактеријата легионела, а ќе биде отворен откако надлежните служби ќе направат преглед, пишува српски „Б92“.

Легионелата е малку позната, но широко распространета бактерија која во природната концентрација се настанува во водени опкружувања (реки, езера, влажно тло, мочуришта…). Посебно е опасна кај лицата со ослабен имунитет и кај децата, и во такви случаи предизвикува т. н. Легионерска болест, која е многу слична на воспаление на белите дробови само посмртоносна.soba krevet hotel

Како што пишува „Пословни дневник“, ваквите сознанија доаѓаат од компанијата „Валамар Ривиера“, во склопот каде што дејствува башчанскиот хотел, а превентивно се затворени и соседните хотели.

Објектот, заедно со соседните хотели „Звонимир“, „Атриум резиденс“, „Вила Адриа“ и кампот Заблаќе, а со кои го дели системот на централно греење, е затворен откако Европскиот центар за надзор и следење на легионерската болест јавил во Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ) за можното присуство на легионелата.

Таквата дојава, како стандардна постапка, пристигнала по сомнението дека со бактеријата легионела се заразил германски турист кој во хотелот „Коринтиа“ престојувал уште во средината на април.

Надзорот на хотелот, објектите за греење на водата како и водоводните цевки и климатизационите инсталации, односно хигиенско-епидемиолошките испитувања ги извршува Наставниот завод за јавно здравство на Приморско-горанската област од Риека.
Не станува збор за невообичаена ситуација и нема место за паника, порачуваат од Наставен завод за јавно здравство во Риека.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1