Војниците најавија протест за сабота


Синдикатот на одбраната и безбедноста најави дека во сабота ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата.arm

Во соопштението испратено од Синдикатот се наведува дека протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата на Република Македонија, а доколку не се исполнат нивните барања ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и безбедност.

Синдикатот посочува дека подолг временски период преговарал со надлежните во Министерството за одбрана за подобрување на стандардот на вработените, но не се нашло решение.

„Како разумен социјален партнер оставивме доволно време (до 13.05.2016 год.) да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин за исполнување на горенаведените барања“, се вели во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1