Шинед О’Конор „исчезна“ на неколку часа


Ирската пејачка Шинед О’Конор синоќа беше пронајдена неповредена во едно предградие на американскиот град Чикаго, откако неколку часа претходно полицијата ја прогласи за исчезната.sinejd500

Полицијата соопшти дека 49-годишната Шинед, која неодамна се закани дека ќе се самоубие, вчера претпладне по локално време го напуштила својот дом и заминала да се вози со велосипед, по што и бил загубен секаков траг.

Американските медиуми јавија дека откако по неколку часа Шинед не се вратил во домот, некој од нејзините блиски и се обратил на полицијата, информирајќи ја дека пејачката „исчезнала“.

О’Конор неодамна на својот профил на Фејсбук објави дека минатата година се обидела да се самоубие со земање голем количество таблети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1