Телевизијата Канал 5 стапи во контакт со новинарот на Фокс њуз кој успеа да му влезе во трага на американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите оф шор компании. Документите со кои располага американската телевизија укажуваат дека Сорос криел пари во оф шор земји за да избегнува да го плаќа данокот.
Новинарот Питер Бирн во изјава за Канал 5 вели дека лесно успеал да влезе во трага за сметките кои американскиот милијардер ги крие од јавноста.
-Околу една недела Сорос името се појави во оф шор дата базите лесно само одите во пребарување и го внесувате името, исто така ги пребарав документите на американската безбедносна комисија за да ги следам некои од тековите од оф шор компаниите и да видам дали се поврзани. Открив дека се поврзани во Бермуда и на Девствените острови и други оф шор места, изјавува Бирн за Канал 5.
Ниту Сорос, ниту неговите соработници не сакале да коментираат ништо за сторијата на американската Фокс њуз која објави дека три оф шор инвестициски фондови се контролирани од Сорос и се катачпгизирани во „Панама документите“.
-Имаше истрага за г-дин Сорос пред 30 години во која што се тврдеше дека тој е дел од ЦИА и тој работеше со групи како УСАИД која е дел од разузнавачката заедниа. Г-дин Сорос кој успева да ги држи своите пари во оф шор за да не плаќа данок всушност одблиску соработува со американската влада, според многу луѓе со разузнавачките агенции за да ги смени насоките во некои општетства. Тој наводно, има негативни чувства особено за Русија и знаете ако ги забележите „Панама пејпер“ кога беа објавени пред неколку недели, главните натписи беа за Путин и за луѓе кои Сорос не ги сака. Мислам дека тоа е навистина интересно, бидејќи тој на „Панама пејпес групата“ и дава една третина од нивниот буџет кој изнесува 1,8 милиони долари годишно, а тој донира 500 илјади долари годишно, додава американскиот новинар.