Уништувањето на патната сигнализација нема оправдување, загрозена е безбедноста во сообраќајот


„Шарената револуција“ го доведе во прашање животот и безбедноста на учесниците во сообраќајот со уништување на дел од сообраќајната и патната сигнализација во Град Скопје.

По тој повод денеска реагираше и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот со цел да се стави крај на вандализмот и да се заштитат граѓаните и нивната безбедност, бидејќи животот нема цена.rsbsp-2-640x375

Ристо Манчев секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата истакна дека РСБСП најостро го осудува секој чин на уништување на сообраќајната сигнализација затоа што на тој начин директно се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

– Апелираме до надлежните институции веднаш да превземаат мерки за поставување на сообраќајната сигнализација согласно сообраќајните правила и прописи. Исто така апелираме до они кои што тоа го првата да покажат чувство на одговорност и свесност затоа што граѓаните на Р. Македонија тоа може да го платат со својот живот, кој патем може да биде нечие дете, нечиј родител, брат или сестра, истакна Манчев.

Тој потенцираше дека уништувањето на патната сигнализација не може да има никакво оправдување и тоа всушност претставува непочитување на животот, здравјето и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од РСБСП апелираат и до матурантите да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и да не користат моторно возило за време на прославата на матурските вечери.

-Согласно законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, возачите почетници всушност и немаат право да употребуваат моторно возило од 23 часот до 5 часот наутро. Толеранцијата на алкохол секако е нула, рече Манчевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1