Проблеми со „Фејсбук“ – корисниците блокирани, уште нема решение за проблемот


Стотина корисници на „Фејсбук“ неколку часови имаат проблем со објавување статуси, линкови и фотографии на своите страници што предизвика големо негодување.

Уште е поголем проблемот со оние кои имаат деловни страници на „фејсбук“, а многу компании тврдат дека поради овој пропуст на „фејсбук“ може да дојде до деловни загуби и други проблеми.facebook-ap

– Има проблем со објава на вашиот статус. Ве молиме обидете се повторно за неколку минути – е пораката која се појавува кога некој ќе се обиде да објави нешто.

„Фејсбук“ моментно има многу негативни коментари.

– Целосно сум блокиран, а имам неколку различни страници. Го изгубив целиот работен ден, а Вие ништо не решивме. Ве молам, решете го проблемот! Денеска треба да имаме акција преку „фејсбук“ но не може да им се јавиме на нашите корисници зошто не нема – е еден од незадоволните коментари.

„Фејсбук“ засега не се огласи по жалбите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1