Шест лица кои беа држени како заложници во филијала на банка во источниот дел на Москва се ослободени неповредени, откако разбојникот бил убиен од припадниците на специјалната руска полиција, јавуваат руските медиуми.
Вооруженото лице кое упаднало во банката мавтајќи со пиштол барал да му се исплатат пари.
Вработените ја алармирале полицијата која дошла набрзо, а напаѓачот се забарикадирал во една од канцелариите со неколку клиенти и членови на персоналот кои ги земал како заложници.
При ослободувањето на заложниците никој не е повреден.