Последната фотографија на Бата Живојиновиќ како вистински боем во „свој елемент“ направена е во ресторанот „Беванда“ кој славниот актер редовно го посетувал.
Секое утро на Бата почнувало со кафе во ресторанот Беванда прекупат на неговата зграда. Во овој угостителски објект Валтер направил и најголем број на интервјуа.
Последниот пат сопственикот и сите вработени со своето присуство ги расположил само неколку дена пред Велигднеските празници кога заминал во болница.
Личниот готвач на Бата, Бојан Станковиќ дал куса изјава за тоа каков бил легендарниот актер.
-Многу ми е жал. Не можам да верувам дека го нема. Последен пат беше тука пред да замине во болница. Неговата сопруга Лула ќе ме побараше на телефон и јас со колегата ќе се качевме кај нив во зграда и ќе го симневме во неговата количка во нашиот ресторан“, раскажал Станковиќ.
-Секој негов ден го почнуваше кај нас пиејќи кафе. Сакаше се да јаде. Многу сакаше да си нарача и виски по кафето. Штом ќе се појавеше во нашиот ресторан владееше некоја позитивна енергија. Многу ќе ни недостасува“, заклучил личниот готвач на Бата.