Србинка во Скопје: Полициски службеник го пушти питбулот да го растргне моето куче, а потоа ми се закануваше


Се шетав со тригодишното дете и со кучето фокстериер кога на нас тргна питбул кој сопственикот го пушти од ланец. Го кренав детето во раце, а питбулот го растргна нашето куче кое тргна да не заштити. Сопственикот на питбулот, инаку македонски полицаец, во ниту еден момент не се обиде да го одврати своето куче, кое дури напаѓаше минувачи кои сакаа да ми помогнат!

Со овие зборови Маја Димитријевиќ, српска државјанка која живее во Македонија го опишува за српски Курир ужасот кој пред неколку дена го доживеала во населбата Аеродром во Скопје.bul terier - kuce

После неколку операции, кучето умрело, а невољите на Маја започнале. Еден ден по инцидентот, го сретнала сопственикот на питбулот, кој живеел во зграда спроти неа.

„Ме праша дали сум го пријавила, реков да, на што тој возврати дека е полициски службеник и дека ништо не му можам. Ми се закани да не зборувам многу да не ми остане детето сираче. Ми кажа погрдни зборови. Уплашена, избегав и повторно викнав полиција“, тврди Маја.

Утредента отишла на закажан разговор кај инспекторот, кој од нејазни причини, како штпо вели, не ја примил.

„Ме прими тој што ја водеше смената и ми рече: Зошто сега дојде?! Ми правиш хаос од животот, ти си ми трн во нога„ Ме притискаат за овој случај колегите, а не сакам да работам на тоа“, раскажала Маја. Случајот го пријавила во српскиот конзулат во Скопје, каде и барале да донесе полициски извештај за да може да реагираат. Но Маја тврди дека од полиција одбиваат да и дадат извештај и да и го кажат името на полицаецот.

„Поради тоа не можам да поднесам две кривични пријави, една поради напад од кучето, а друга поради заканите кои ми ги упати полицаецот за кој разбрав дека е припадник на полициската единица Алфи“, вели Маја.

Таа вели дека поради односот на полицијата кон неа се плаши за себеси и за своето семејство. Портпаролот на полицијата во Скопје, Лиза Бендевска за Курир рекла дека Маја треба целиот случај да го пријави во внатрешната контрола на МВР. Маја тврди дека случајот го пријавила и до МВР преку официјалниот мејл.

„Стојам зад своето тврдење и очекувам да добијам одговор барем од некој“, заклучува српската државјанка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1