Никој не сакал да ја погребе: Братот (87) шест дена спиел до мртвата сестра (75)!


Починатата жена никој не сакал да ја погребе без пари. На крајот општината Костолац се смилувала и ја погребала Душица без свештеник.

– Би сакал да подготвам банани и риба за мојата сестра. Не можам да најдам банани. Да однесам на гробот, завет е, – едвај зборувал старецот кој пиел чаша млеко.dragic-ivanovic-foto-stefan-jokic-1464813937-920003-58954

Откако таа починала, Драгиќ не јадел. Пред секоја голтка ја споменувал сестра си која починала без свеќа и комеморација. Србија во 21. век, а куќата во која дедото живеел изгледала како хорор филм, а за влез се потребни маска и заштитни ракавици. Екипа на српски „Курир“ го посетила неговиот дом.

– Тука лежеше мојата Душица. Сакаше да гледа телевизија. Тука умре, – плачејќи го покажувал креветот на кој останале само дамки.

– Беше страшно. Душица шест дена лежеше мртва. Драгиќ е стар, тешко се движи, а и не зборува за болеста. Душица почина на 26. мај, а Драгиќ сфатил дека таа починала четири дена подоцна, – изјавила една соседка.dragic-ivanovic-foto-stefan-jokic-1464813920-920001

Како што вели таа веднаш повикале Брза помош и полиција.

– Дојдоа и констатираа смрт, а телото остана во куќата. Целата беше црна и потечена. Креветот беше полн со крв. Ја изнесоа во вторникот во јорганот на кој лежела и веднаш ја погребаа, без поп и семејство, – објаснила соговорничката, додавајќи дека починала во сон.

Дужица и нејзиниот брат 15 години живееле сами.

Во една ста куќа полна со ѓубре, немале вода, ниту бања. Тие имале две сијалици и телевизор, за кој редовно плаќал сметки.

– Таа порано работела како чистачка, а Драгиќ чистеше улици. Имаа мали пензии, па можеа да купат само храна. Тој е премногу стар, но сака да прошета до продавница, да поседи со луѓето да позборува, – изјавила соговорничката.

Од двајцата стари и немоќни сите се откажале.

– Никој не прашува за нив. Душица беше во подобра состојба од брат и, одеше кај роднините да се избања, и даваа храна. Него никој него избањал две години, откако падна и се повреди. Тогаш примаше инфузија две недели, се хранеше преку цевка и оздраве. лекарите велат дека е здрав, но и нему му треба помош за да преживее, вели соседката Бисерка.

– Помогнете ми, не сум јадел, гладен сум. Сега сум сам, а имам и повредена нога. Сакам млеко и благо, колачи – велел дедото додека ја пиел третата чаша млеко…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1