Млад пар е заглавен на грчкомакедонската граница веќе со денови, бидејќи македонските власти пропуштаат само лица кои потекнуваат од кризните жаришта како што се Авганистан, Ирак и Сирија.
Момчето има дозвола да ја помине границата, додека пак девојката не. Причина за тоа е што таа потекнува од Иран, додека момчето е Авганистанец. Ние сакаме да бидеме заедно изјавил парот за медиумите.