Врз основа на Ивештај од пет страници од Комисијата за импичмент на Иванов, Собранието ќе треба да расправа дали Претседателот на државата ги пречекорил своите овластувања.
Според пратеничката Рената Десковска, член на Комисијата за импичмент на Иванов, извештај кој бил воден во таква процедура со апсолутно мнозинство на владејачката партија, не може да биде ништо поголем од тие пет страници. Таа за пример посочи Извештај за импичмент на гувернер во САД, со обем од 50 страници.
И ДУИ смета дека иницијативата за одговорност ан Иванов е оправдана.
За разлика од нив, од ВМРО ДПМНЕ уверуваат дека со таква неаргументираност добро е што Извештајот достигнал и обем до пет страници.
Седницата на Комисијата продолжува во 14 часот кога членовите треба да го гласаат извештајот.