Единствениот сведок на убиството на Мартин Дjурам, во неговата куќа во Мичиген, САД, е неговиот домашен миленик – африканскиот сив папагал.
Родителите на Mартин се обидуваат да ја убедат поилицијата да ја користи снимката на која се слуша како папагалот изговара: „Не пукај!“
Четиресетпетгодишниот Мартин е убиен во својата куќа, а полицијата мисли дека во прашање е двократно убиство, меѓутоа, неговата сопруга Глена го преживеала погодокот од куршум во главата.
Полицијата прво мислела дека станува збор за убиство и неуспешно самоубиство, но Глена демантирала дека се обидувала да го одземе животот на сопругот и својот.
Родителите на Мартин рекле дека се фрустрирани затоа што никој не е обвинет за смртта на Мартин и затоа што полициската истрага се уште трае. Тие сакаат полицијата да го користи папагалот Буда како сведок.
– Таа птица сешто слуша и таа уста мора да е највалканата – рекла мајката на Мартин, Лилиен.
Таа вели дека птицата е во состојба да ги имитира Мартин и Глена, а видеото покажува како птицата ги изговара зборовите на Мартин.
– Јас мислам дека папагалот го запомнал она што Мартин го кажал – рекол неговиот татко Чарлс.
Обвинителот Роберт Спрингстед рекол дека е свесен дека двојката ја имала птицата којашто зборува, но дека не ја видел видеоснимката.
Сопственичката на една фирма за одгледување папагали рекла дека птицата дефинитивно го изговорила она што го слушнала и дека во тоа нема сомнеж.