За девица од Босна даваат до 160.000 долари


Арапите се подготвени да издвојат поголема сума на пари за жени од БиХ, а за девици нудат и до 160.000 долари, стои во истражувањето на телевизијата “N1”.

“Имав ситуација кога еден сопственик на една агенција од Дубаи прати човек за да си најде невина жена. Повеќе преферираше некоја од помала заедница, од околните градови – Високо, Маглај, Горажде, Зеница”, вели туристичкиот работник за искуството со посетителите од Абу Даби.dubai-prostitucija-ilustracija-foto-ytps-shutter-1429543033-644315

Како што наведува овој туристички работник, му се “посреќило” во Горажде. Од богатиот Арап добил дури 160.000 долари за невиност.

“Се јави една жена која беше вдовица. Рече дека се согласува, дека има каде да ги остави децата. Јас реков дека човекот е подготвен да ѝ даде кат од куќа. Таа рече дека е подготвена и да направи пластична операција, за повторно да биде невина, доколку е тоа условот…”
Ширфа “Lady massage”

Добитната комбинација за жената од БиХ да заврши во креветот на Арапот е: светол тен, крупни очи, муслиманско потекло.

Бројни рецепционери признале дека туристите често бараат само сензуални задоволства. Повеќе ѕвездички – поголема приватност.

Од најскапите сараевски хотели за N1 рекле дека нема да ја издаваат приватноста на своите посетители.
Во хотелите со помалку ѕвездички, рекле дека туристите, а најмногу оние од арапските земји, редовно прашуваат за некоја домашна девојка на една вечер. Во главно под шифрата “Lady massage”.

“Ние сме семеен хотел, мал, така што Арапите кај нас не бараат жени, но тука во хотелот во близина бараат. Барем така сум слушнала”, рекла Адана Ровчанин.

На долги патеки, или на една ноќ, и жените од БиХ се бараат како дел од туристичката понуда. Едни уживаат, други заработуваат. Но, сведоците поради страв од отказ молчат, а овој вид на туризам во Босна и Херцеговина сепак останува јавна тајна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1