Трајковски: Цановски градеше незаконски, СЈО презентира политика


Случајот „Космос“ стана тема на политичка битка. Во врска со овој случај што го води Специјалното јавно обвинителство, гостин во програмата на ТВ Нова беше Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.

-СЈО повеќе презентираше политика, отколку презентирање на доказите што им ги доставивме. Ова обвинителство застана во одбарана на една политичка партија. Се работи за кристално чист случај, доволно е само да се видат аргументите на самиот инвеститор. Верувам го имаат направено тоа, но не им било во прилог истото да го презентираат, истакна Трајковски.novatv-kosmos-640x325

Тој додаде дека постапката била водена транспарентно.

-Во конкретниот случај, инспекторката има констатирано дека целиот објект се гради спротивно на одобрението за градење. Тоа беше потврдено во судски постапки, имавме и контрола на инспекторатот за градежништво кој потврди дека се градело незаконски. Вештачењето го потврди истото. Излишно е да се коментира за политикиа. Постапката ја водевме транспарентно. Жално е што се зборува дека се работи за политички настан. Ниту сум добил задолжение, ниту ќе работам по нечии задолженија, ниту пак јас имам влијаено врз инспекторката. Материјата не е апстрактна, станува збор за конкретно мерење, додаде Трајковски.

Во интерес на вистината и непристасното информирање, ТВ Нова го повика сопственикот на „Космос“, Фијат Цановски, кој иако со години бара соочување со градоначалникот, денеска одби да дојде.

Телевизијата го објави писмениот одговор од него како образложение зошто не дошол.

Специфичноста за случајот Космос е добро позната на македонската јавност. Јас лично многу пати го повикував градоначалникот за дебата, но не наидов на таа доблест. За среќа во овој период се виде и неговата кредибилност како Градоначалник и кредибилноста на оние кои стоеја зад погубната одлука.

Започна и конечно нормален обвинителски процес во кој сум сигурен дека правдата ќе биде задоволена. Затоа денес сметам дека не треба да се дебатира со човек кој ми наштетил со умисла прекршувајќи ги сите законски решенија.

Во секој момент би присуствувал на дебата со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски, како Претседатели на две политички партии и како луѓе кои носат одлуки за општествена корист или штета.

Соочување со градоначалникот Трајковски одбил и синот на Фијат, Сефер Цаноски кој досега јавно зборуваше за случајот.

Откако пропадна опцијата за соочување на Цаноски и Трајковски, ТВ Нова го покани универзитетскиот професор Мирослав Грчев, кој вооедно е и вештак на СЈО во слуачајот, но тој иако првично прифати, откако извршил одредени консултации соопшти дека за жал не смее да зборува за случајот додека истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1