Се отвора летната атракција во Скопје – Базен Аеродром


Летната атракција – Базен Аеродром и оваа летна сезона ќе биде центар на беспрекорните забави и дружења кои што ќе им овозможат на сите посетители максимална сатисфакција и уживање во пеколните летни денови.

Посетителите од денес ќе можат да ја почувствуваат летната водена еуфорија и неверојатната атмосфера со отворањето на Базен Аеродром.bazen3-520x390

Очекувањата на метеоролозите за тековната летна сезона во Скопје се базираат на пеколно високи температури, и каде најдобро да се разладите во текот на жешките денови ако не во најдобриот отворен базен во Скопје – Базен Аеродром.

Токму затоа, оваа сабота ќе биде почетокот на незаборавното лето што го овозможува базенот со разни летни изненадувања, лудории, забава, бескрајно дружење. Воедно, поради фудбалската еуфорија која ги обзема сите македонски граѓани со Европското Првенство во Франција, Базен Аеродром овозможува посебен спортски корнер каде што ќе се врши следење на сите натпревари и заедно со понудените вкусни специјалитети од ресторанот, посетителите со своето друштво ќе можат да уживаат во адреналинската и енергичната атмосфера.

Јавноста ќе биде дополнително известена за сите забавни содржини кои се планирани за летните месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1