Кога имал 15 години се заљубил во момче од своја возраст, такавата своја сексуално не можел да ја прифати, па Белгијанецот 39 годишен инжинер сака да умре и бара еутаназија.
Еден Белгиец кого го привлекуваат мажи и дечиња, сака да се подложи на еутаназија затоа што не може да живее со својата сексуалност. Овој 39 годишен инжинер кој говорел за Би-Би-Си под псевдонимот „Себастијан“ вели дека неговата сексуалност е неподнослива.
Тоа е постојано патење. Како да сум затвореник на своето тело. Не можам да излезам надвор. Постојано ми е присутно чувството на страм. Уморен сум од тоа да ме привлекуваат лица кои не би требало да ме привлекуваат. Тоа е спротивно од она што го сакам“, вели тој.
Еутаназијата е легализирана во Белгија во 2002 година и е допуштена во случаите на постојано физичко или ментално патење. Само во 2013 година регистрирани се 1807 случаи на еутаназија а веќе во 2015 година тој број пораснал на 2000. И еутаназаијата која ја спроведува исклучиво лекар и асистирано самоубиство односно чин на намерно помагање на друго лице да си го одземе животот, е нелегален чин во повеќето држави во светот.
Себастијан го започнал долгиот процес на добивање согласност со летална инекција, добивајќи дозвола од лекар. Во психијатриските случаи, три лекари мораат да се согласат за таа процедура, а двајца од нив во случај на физичка болест.
Себастијан ја има смртта на ум уште од детството
„Целиот мој живот ме водеше оваа одлука. Мојата мајка имаше деменција и ментално не беше во ред. Членовите на моето семејство беа строги католици, кои жестоко се противеа на мојата хомосексуалност. Бев осамен, повлечен и физички изнемоштен. Се плашев да излезам надвор, да постојано бидам опкружен со луѓе.
Кога имав 15 години се заљубив во момче од моја возраст. Но не можев да ја прифатам својата сексуалност и ја сметав за неподнослива.
„Два пати се заљубив подоцна во 18 годишна и 22 годишна. Чувствувал олеснување што сум способен да се заљубам во момче кое излегло од адолесенција. И покрај тоа, оваа сексуална ориентација е неподнослива за мене. Не можам да поднесам и никогаш нема да можам“, вели тој.
Иако се лечел 17 години и понатаму го привлекуваат адолесценти. Признал дека гледал слики од дечиња, но никогаш никого не нападнал сексуално. По обидите за самоубиство, им изјавил на лекарите дека смета дека е педофил, но вели дека тие не можеле да ја прифатат неговата самодијагноза.
Ми рекоа дека измислувам. Да продолжам со својот живот, и дека не сум закана за децата. Поминав четири години во психијатриска болница, бев пациент на осум психолози, четири психијатри и еден сексолог. Дури сам се предадов на полицијата во 2014 гдина, но тие ме упатија на друг психолог“, вели Себастијан.
Тој тврди дека општестовот не го разбира прашњето за педофил.
Никогаш не сум сакал да наштетам на децата. Го немам тој импулс. Станува збор за љубов, но друштвото се противи на таквите врски, така што не сакам ништо повеќе. Само ме чека пекол.
Латифа Бенари, основач на здружението L’Ange Blue во Франција која нуди помош на педофилите да ги спречи нанесување на зло на другите, вели дека Себастија со неа стапил во контакт преку мејл, пред околу шест месеци и барал од неа да му ппомогне да умре. Но, Бенари се надева дека сепак ќе продолжи да живее.
На педофилите им е потребна алтернативна структура, која нема да ги осудува. Кога не му помогнале толку многу психолози, значи дека потфрлиле во своите должности“, смета таа.