Оргии на Јадранот: Во Хрватска пристигнува крузер со сексуално опседнати патници


Мексиканската групација „Original Group“ го изнајми луксузниот Azamara Club крузер кој на 26 септември 2017 ќе тргне од Венеција на осумдневно патување од Италија до Словенија и Хрватска, а на клиентите ќе им пружа незаборавно сексуално искуство на патувањето наречено „Желба“.brod kruzer

„Бродот на љубовта“ ќе угости 690 патници желни за разни сексуални искуства, а за време на крстарењето на бродот ќе се одржуваат разни перформанси, работилници за двојки и тематски вечери.

Од Венеција ќе исплови на 26 септември, а ќе пристигне во три града во Хрватска – на 28 септември е во Сплит, на 29 септември во Дубровник, а на 30 септември е во Задар.

На осумдневното еротско патување сепак нема да може да се прави се` што ќе им падне на памет на патниците. Постојат некои правила, на пример, после полноќ не смее да се создава врева. Исто така, велат, нивните „простории за игра“ се дизајнирани за сексуални и еротски фантазии, па ги молат клиентите да ги користат само нив за исполнување на своите сексуални желби.

ZaSe.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1