Пожар на „Туристичка“ во Охрид – експлодирала машина за перење


Пожар избувнал утрово во стан лоциран на вториот кат во cкалестата зграда на булевар „Туристичка“. Според информации од Противпожарната единица од Охрид, пожарот бил предизвикан од експлозија на машина за перење, јави Охридњуз.pozar333

-Пожарот беше пријавен во 8.09 минути, веднаш е интревенирано со две противпожарни возила и 8 пожарникари. Пожарот бил локализиран за 5 минути, а изгаснат за 10 минути. Пожарот предизвикал материјална штета во бањата, исчадување на целиот стан и на скалишниот дел од влезот на зградата, објаснуваат од охридската Противпожарна единица.

Оттаму информираа дека во пожарот нема повредени лица и не е предизвикано оштетување во останатите станови од зградата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1