Петгодишната Јана Марјановиќ, ќерка на Зоран и убиената Јелена Марјановиќ би можела во продолжение на истрагата на специјалниот тим од експерти повторно да дава одговор на прашањата во врска со последните минути кои ги поминала наводно со нејзините мајка и татко.
Сопругот свирепо ја ликвидираше пејачката а на сослушувањето и полицијата наведе дека токму тој бил со својата ќерка во моментот кога е убиена Јелена. И самото девојче рекла на педагогот дека се случило нешто страшно.
„Со неа веќе еднаш разговаравме и со оглед на тоа дека се работи за дете, мораме да водиме сметка да не се повреди или уплаши. Доколку истрагата бара, можно е повторо да педагог или психолог со неа разговара за тоа што работела мајка и татко и за последен пат кога ги видела. Се разбира нејзината изјава како и досега и понатаму нема да може да биде главен доказ за да помогне, тоа е неспорно“, објасни соговорник запознат и поврзан со случајот на убиената Јелена.