Американската полиција е во потрага по двегодишно дете кое на плажа од хотел на Дизни во близина на Орландо, било нападнато од алигатор, јави Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случил за време на филмски ноќи на плажа на хотелот Гранд Флоридијан, дел од синџир хотели на Дизни.
– Семејството се одморало во близина на лагуната Севен Сиз, што е дел комплексот на хотелот, и оделе долж брегот на езерото кога алигатор го нападнал детето, изјави Џери Деминг, шериф на округот.
Петчленото семејство кон кое било детето е од Небраска.