Беше прашање на време кога Стојан ќе го одмазди синот. Повеќе од 14 години живееше со желба да го казни виновникот. Не вредеше ниту тоа што беше во затвор поради закани кон Драган, раскажуваат пријателите на Стојан С. (69) кој вчера во Пожаревац го уби Драган Степиќ (57) поради крвна одмазда.
Стојановиќ го усмрти Степиќ кој некогаш работел во „Претпријатие за патишта“ како надзорник на градилиштето на кое во 2002 година загина синот на Стојан.
Крвавата драма се случи вчера околу 11 часот во Пожаревац.
-Приватната фирма на Степиќ извршувала работи на градилиштето во Југовиќева улица. Стојан С. му се доближил на Степиќ и без зборови пукал во него. Тешко ранетиот сопственик на фирмата е веднаш префрлен во пожаревачката болница каде починал, а напаѓачот е веднаш уапсен. Тој ја почекал полицијата да дојде на местото на злосторството, велат извори.
Инаку синот на Стојан настрадал на градилишетот во селото Забрега кога врз него паднала земја и го затрупала. Ровот бил длабок 3 метри и не бил добро обезбеден. Тогаш одговорно лице и наадзорник на работите бил Степиќ. Стојан по трагедијата се заканувал дека ќе го убие Степиќ. а полицијата неколку пати му го одземала и оружјето. Тој сметал дека Степиќ е одговорен за смртта на неговиот син. Степиќ како одговорно лице за трагедијата на градилиштето бил осуден условно на 6 месеци затвор, додека Стојан одлежал 6 месеци поради закани кон него.