Бројот на жртви во несреќата на езеро во руската област Карелија се зголеми на 15, од кои 14 се деца и еден е инструктор, соопшти портпарол на Министерството за вонредни ситуации.
Според првичните информации на Истражниот комитет, децата и инструкторите од рехабилитациски камп кои биле во чамци ги зафатила бура на езерото.
Пет деца се во болница, а еден инструктор е уапсен. Жртвите биле деца без родителски старатели и деца од сиромашни семејства на возраст од 12 до 15 години, соопшти полицијата.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин соопшти дека според првични информации загинале деца од Москва.