Британските туристи во шпанскиот хотел „БХ Маjорка“ со четири ѕввезди во Магалуфа, членовите на обезбедувањето ги претепале до бесвест затоа што жената наводно на едниот од нив фрлила пластична чаша, пишува „Дејли мејл“. Во шокантната снимка која се појави на интернет се гледа како жената во црно бикини е „залепена“ на земјата од страна на обезбедувањето, откако еден од нив ѝ удрил шлаканица додека другите членови на обезбедувањето го удираат и клоцаат нејзиниот партнер, и тоа поради недоразбирање.
На социјалните мрежи се појави информација за идентитетот на двојката. Нападнатата жена е моделот Роби Хофман, а нејзиното момче е диџејот Алекс Хендерсон, кој работи под името Алекс Проспект. Според наводите на сведоците, еден член од обезбедувањето на хотелот ѝ удрил шлаканица на манекеката откако таа на него фрлила пластична чаша. Потоа реагирало и нејзиното момче Хендерсон.
Во еден момент на снимката се гледа и како тројца обезбедувачи го удираат диџејот додека тој се наоѓа на земјата. Манекенката Роби се здобила со неколку модринки и исекотини, а Хендерсон претрпел потешки повреди. Недолго по инцидентот на Фејсбук е објавена и фотографија од претепаниот Хендерсон.
Очевидецот кој го снимил видеото напишал:„Јас сум толку згрозен од вработените во обезбедувањето во хотелот… чуварите на „БХ Мајорка“ се нафрлија на една девојка, бидејќи таа фрли пластична чаша на еден од нив, едниот од нив отиде до неа и ѝ удри шлаканица па нејзиното момче обидувајќи се да ја заштити заврши со скршена глава и крвавење од очите. Тие дури ја клоцаа и удираа со тупаници девојката и отпосле, тоа не смее да се случи во хотел со 4 ѕвезди. Момчето лежеше без да се помрдне, а обезбедувачите продолжија да го клоцаат во главата.“
По немилата случка, сите го нападнле менаџментот на хотелот како може да вработи силеџии кои ги претепуваат гостите.