Чарли Шин откри како се заразил со ХИВ


Иако важи за промискуитетен, Чарли Шин тврди дека само два пати се впуштил во сексуални односи без заштита, и така се заразил со вирусот ХИВ.

Тој во интервју за „Сан“ открил детали од својата интима и рекол дека спиел со партнерка без заштита поради пијанство и од здодевност.charlieSheen_1614083c

– Секогаш зборував и промовирав дека треба да се користат кондоми. Една вечер бев премногу алкохолизиран и преморен и се случи тоа што се случи – рекол Шин и додал дека сега луѓето го гледаат како „заштитно лице на ХИВ“.

Тој рекол дека поради оваа дијагноза целосно е променет неговиот живот, и сега е како во целибат.

– Поради вирусот не сум интересен за жените, и тоа е во ред. Се шегувам на сметка на мојата дијагноза, бидејќи морам. Реално, сосема е непријатно. Ќе се изненадите колку можете да постигнете и научите кога не се обидувате да имате секс. Сексот е супер, но нема никаде да побегне. Ако го нема, не е проблем. Ќе имам повеќе време да поминам со моите родители – изјавил Шин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1