Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов повторно подлегна на срцевата болест и е пренесен со итна помош во болница кај Жан Митрев, ова го објави вечерва Сител телевизија.
Оваа информација не успеавме да ја потврдиме, но според пишувања на блиски на Игор на социјалните мрежи велат дека се работи за дезинформација и дека Игор не е во болница.
Пред една година на Џамбазов му беа ставени стентови поради проблем со срцето и беше хоспитализиран во истата болница па нејасно е дали некој ги помешал датумите и направил грешка со оваа објава. Се надеваме дека информацијата не е точна и дека Игор е добро. Штом ќе добиеме официјални информации ќе ја обновиме и надополниме оваа вест.