50 загинати во вчерашните два терористички напади во Турција.
Се верува дека нападот го извршиле тројца напаѓачи кои што биле вооружени со експлозивни елеци, но и со автоматски пушки – Калашников. Се очекува во текот на ноќта и утрешниот ден да се појават повеќе информации, а новинската агенција “AP” потсетува дека на турските аеродроми постојат проверки на две места – на влезот во терминалот, а потоа и последната проверка пред влегувањето во авионот.
Ова е трет бомбашки напад на Истанбул од почетокот на годинава. Кон почетокот на месецов, бомбаш-самоубиец се разнесе во автомобил во централната истанбулска област Везнецилер. Одговорноста за тој напад ја презедоа радикалните курдски милитанти.