Трагедија во тетовско: Метална врата усмрти 7 годишно дете


Седум годишно дете од тетовското село Вратница починало откако најверојатно врз него паднала метална врата од ограда, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.kapija metalna

Според досегашните првичните информации случајот во полиција бил пријавен од вработени во тетовската Клиничка болница каде во 19 часот и 45 минути било донесено безживотното тело на седумгодишното дете. Според информациите од болницата дежурниот лекар само ја констатиран смртта на детето кое имало и обилно крварење од главата.

Првичните и неофицијални информации велат дека детето се здобило со повредите во главата додека заедно со уште едно девојче си играле на металната врата од ограда на нива во близина на продавница во Вратница. Во еден момент вратата од засега неутврдени причини се откачила и паднала врз детето. Девојчето веднаш повикало двајца луѓе од продавницата кои ја подигнале вратата и го зеле детето што имало сериозни повреди на главата по што со возило се упатиле кон Тетово, но за жал тоа по пат починало.

– По овластување на јавен обвинител увид на местото до несреќата ќе врши екипа на СВР Тетово чиишто службеници го обезбедуваат местото од каде треба да се подигнат траги за вештачење за целосно расчистување на случајот, рече Јосифоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1