Не заледија зборовите на пилотот: Не е безбедно летот мора да се пренасочи кон Анкара


За време на нападот во аеродромот Ататурк шестмина српски новинари требале во тој момент да слетаат на аеродормот во Истанбул, но за среќа тој авион бил пренасочен во Анкара.istanbul-ataturk

– Полетавме од аеродромот во Тибилиси околу 18 часот и требало отприлика околу 21.20 часот да слетаме во Истанбул. Некаде на пола лет не заледи соопштението од капетанот дека од безбедносни причини нашиот лет се пренасочува во Анкара. Веднаш сите знаевме дека нешто ужасно се случува.

Кога слетавме во Анкара почнаа да ни стигаат пораки „дали сте добро“, „каде сте“? Кога сфативме што се случило бевме избезумени, преплашени, не обзеде ужасно чувство. Свесни дека избегнавме голема трагедија, а од друга страна тој страв кои сите го чуствувавме никако не проаѓа. Туркиш Ерлајнс ни го плати превозот и сместувањето во хотел. Иако ги снајде таква трагедија таму луѓето не дочекаа многу професионално, рекол еден до српските новинари за Телеграф.рс

Еден од турските државјани на аеродоромот, според зборовите на српските новинари, за малку бил во прединфарктна сосотојба поради случувањата во вторникот вечерта во Истанбул.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1