Кејт Мидлтон избришана од списокот на кралското семејство


Фановите на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во изминатите три месеци не знаеjа на кои службени случувања таа ќе се појави поради „технички проблеми“.kate-middleton_1

Нејзиното име не се најде на списокот на членови на кралското семејство на службената веб-страница на познатата монархија, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

По скапиот редизајн на веб-страницата во април, името на Кејт го немаше. Тоа автоматски значеше дека нејзините приврзаници нема да бидат во можност да присуствуваат на јавните настани на кои беше и убавата војвотка, ниту, пак, да ги видат нејзините планирани обврски.

По многубројни обвиненија за оваа грешка на Твитер во изминатите два месеца, ситуацијата сега се промени.

Од Бакингамската палата признаа дека им требало три месеци за да го вратат името на војвотката од Кембриџ меѓу останатите припадници на британската монархија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1