Српски свештеник силувал малолетничка: „Молчи зошто никој нема да ти верува“


Апелацискиот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда за свештеникот Милован Џ. од Ковин (58) и го осуди на пет години затвор затоа што во 2014 година извршил обљуба на 13-годишно девојче.

Малолетничката В.П. (15) кога била обљубена имала 13 години и пеела во црковниот хор. Неколку месеци пред тоа Милован Џ., ја повикал да му помогне во црквата, а за тоа и ветил дека ќе ѝ плати.svestenik pedofil

– Бабата и дедото на девојчето забележале дека чудно се однесува и ја притискале да каже што се случува, а таа ка крајот ѝ се доверила на тетка си на која ѝ кажала дека на 1 јануари свештеникот ја намамил во свечената сала и ја силувал – изјавил за српски „Блиц“ извор близок до истрагата.

– Вториот пат кога се обидел да ја силува бил пијан, па таа успеала да побегне – додава тој.

Таа на сослушувањето била потресна, а на инспекторите им раскажала што ѝ рекол блудниот свештеник по насилничкиот чин.

– Ѝ рекол на никого да не каже за силувањето затоа што и така никој нема да ѝ верува, а по обљубата ѝ дал благослов, а потоа ѝ рекол дека е многу паметна – завршува изворот.

Од СПЦ изјавиле дека свештеникот ќе биде расчинет доколку обвинувањата се покажат како точни. Гинеколошкиот преглед потврдил дека девојчето ја говорело вистината.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1