СВР Куманово поднесе кривична пријава за Р.З. (50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство.
j
На 12 јуни, околу 19,00 часот, Б.Р. движејќи се со своето патничко возило, во кое бил и сопатникот С.М., во еден момент од левата страна го забележал пријавениот како со раце му дава знак дека во торбата што ја носел има пиштол и дека ќе го употреби. Кога оштетениот застанал сакајќи да го праша зашто му се заканува, пријавениот го извадил пиштолот и истрелал два проектила кон возилото во правец каде што седел оштетениот погодувајќи го во пределот на вратата, по што Б.Р. исплашен заминал.









